Дома Фудбал Англија НАЈАВА: „Досадниот“ Јунајтед на Мурињо ги пречекува Клоп и неговата напаѓачка машинерија

НАЈАВА: „Досадниот“ Јунајтед на Мурињо ги пречекува Клоп и неговата напаѓачка машинерија

Денес цела Англија ќе застана на два часа, бидејќи дојде време за по 228 пат силите да ги одмерат најголемите ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Ова дерби ратко кога разичарува. Денес овие два големи клуба ќе се сретнат на „Олд Трафорд“, предводени од менаџери кои негуваат два целосно различни стила на игра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ќе биде ова и судир на две екипи кои на табелата во Премиер лигата ги делат само два бода. Манчестер Јунајтед е второпласиран со 62 бодови, додека нивниот денешен противник собра два помалку.

Љубителите на фудбалот на Островот со денови го исчекуваат овој натпревар. Сите сакаат да видат каков ќе биде епилогот од двобојот помеѓу „досадниот“ стил на Мурињо и напаѓачката машинерија на Клоп, која е навистина тешко да се запре доколку влезе во ритам.

Ќе биде ова голем тест за Мурињо кој со вчерашните изјави само ја спушташе топката и зборуваше дека за него ова е само уште еден натпревар. За разлика од Мурињо, Сер Алекс Фергусон добро знае што значи денешниот натпревар за сите навивачи, па ги посети играчите во нивната база со цел да им даде дополнителна мотивација.

Од друга страна харизматичниот Германец Јирген Клоп во своите најави на големото дерби не го критикуваше премногу стилот на игра кој го форсира Мурињо и за кој смета дека е ефикасен, но порача дека Ливерпул на „Олд Трафорд“ доаѓа да ја игра својата игра.

Според коефициентите во 10bet благ фаворит е тимот на Ливерпул кој за победа во дербито добива коефициент од 2.55, за разлика од Јунајтед кој доби 3.00, за реми изнесува 3.20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …