Дома Фудбал Англија Србинот од Фулам кандидат за наследник на Конте!?

Србинот од Фулам кандидат за наследник на Конте!?

Италијанскиот стручњак Антонио Конте најверојатно ќе го напушти Челзи во текот на летото.

Раководството на лондонскиот клуб е незадоволно од овогодинешниот учинок на 48 годишниот стручњак и извесно е дека наредната сезона ќе го гледаме на клупата на друг клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека негова замена на „Стенфорд Бриџ“ би можел да биде српскиот стручњак Славиша Јокановиќ. „Дејли Мејл“ во текот на вчерашниот ден пренесе информација дека Јокановиќ е еден од кандидатите за менаџерската позиција.

Јокановиќ во овој момент го води Фулам. Интересно е што како играч помина две сезони на „Стенфрод Бриџ“ (2000-2002).

Покрај Фулам како играч Јокановиќ го носеше дресот уште  на Партизан, Херкулес, Вотфорд и Макаби и без никакви дилеми клупата на Челзи би било негово најголемо достигнување во кариерата.

Сепак, јасно е дека 49 годишниот стручњак е само уште едно низата имиња кои се поврзуваат со Челзи, а кој ќе седне на клупата на Челзи ќе биде познато наредното лето.

jokanovic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…