Дома Фудбал Италија Дибала го „пецна“ Милан, па доби одговор од Гатузо кој ја насмеа цела Италија

Дибала го „пецна“ Милан, па доби одговор од Гатузо кој ја насмеа цела Италија

Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала испрати провокации до Милан пред финалниот натпревар.

Јувентус и Милан ќе се борат за трофејот во купот на Италија, а иако финалето се игра за два месеци на „Олимпико“ (9 мај), веќе започнаа да се упатуваат „отровни стрелки“ од едната и другата страна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Прв започна Паоло Дибала.

„Ако Милан го освои купот ќе си ја избричам главата“, изјави Аргентинецот.

Не се чекаше долго за да го добиеме и одговорот од Милано и тоа од предводникот кој го препороди Милан, Џенаро Гатузо кој во свој стил му одговори на Дибала.

„Ако Јувентус ја освои Лигата на шампионите јас себе ќе си ги исечам јајц*та“, порача тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хит во Италија: Голман одбрани четири пенали и беше херој на својот тим (Видео)

По 120 минути игра, мечот помеѓу Пиза и Чезена заврши без голови, па победникот се решаваш…