Иран од ова лето вторпат во низа ќе настапи на СП, а во Групата Б ќе се најде со селекциите на Португалија, Шпанија и Мароко.
Кеирош се присети на мечот помеѓу Иран и Аргентина на Мундијалот во Бразил 2014. година, кога Меси во продолжението го постигна победничкиот погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш зборував дека Меси е исклучителен играч. Тој не е од овој свет, бидејќи ако беше човек немаше да го има тој магичен момент на натпреварот. Не сакам да губам, но по тој пораз немав негативни чувства. Кога ќе се случи нешто магично, знаеш дека фудбалот е жив, дека удира и поради тоа е еден од најдобрите спортови за гледање“ , истакна Кеирош за сајтот Фајф.
„Ситуацијата е значајна и посебна затоа што сето тоа доаѓа од играч кому ФИФА не би требало да му дозволи да игра се додека не се докаже дека тој е навистина човек“, додаде шеговито португалскиот тренер.
Кеирош истакна дека е возбуден што неговата екипа на Мундијалот ќе игра против Португалија, која ќе биде предводена од најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.
„Кога португалски тренер, игра против репрезентацијата на Португалија, тоа е шанса и посебна прилика за мене и моите играчи. Ќе биде интересно да се игра против нив, но и против Шпанија и Мароко. Тоа е атрактивна група. Секогаш е посебно кога играте против најголемите играчи, а во овој случај се работи за најдобриот фудбалер на светот. Но, кога натпреварот ќе почне, играат два тима кои посакуваат победа. Фудбалот ќе го одлучи победникот“, истакна тој.