Ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен би можел од лето кариерата да ја продолжи во Катар, откако ќе му истече договорот со Баварците.
Медиумите во Катар пренесуваат дека еден клуб од Доха е спремен да му понуди богат договор на 34-годишниот Холанѓанец, кој исто така има понуда од Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Робен во Баерн му истекува на крајот на сезоната, а баварскиот клуб нема намера да му понуди продолжување на соработката бидејќи сака да го подмлади тимот.
Доколку ја прифати понудата од Катар, Робен ќе тргне по стапките на неговиот сонародник Весли Снајдер кој оваа зима се пресели во Ал Граф.
Робен во Баерн пристигна во 2009 година од Реал Мадрид и остави длабока трага во баварскиот клуб. Освои 6 титули во Бундес лигата и една титула во Лигата на шампиони.