Иако работите тргнаа во погрешна наскоа за „Кралскиот клуб“ на почетокот на мечот, актуелниот шпански шампион на Шпанија и Европа успеа да дојде до трите бода во предградието на Мадрид.
Унаи Бусинка го донесе Леганес во водство по само шест минути игра, но тандемот Васкез-Каземиро се погрижи да не се повтори бламот од четвртфиналето во Купот на Кралевите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Васкез во 11. минута изедначи по асистенцијата на Каземиро, а по неполни половина час игра му се оддолжи со иста мера, па Бразилецот направи резултатски пресврт во корист на гостите.
Победата ја зацементира Серхио Рамос од белата точка во 90. минута за конечни 1:3, капитенот во отсуство на Кристијано Роналдо ја презеде работата за која беше задолжен.