Дома Фудбал Италија Лулиќ за Рудигер: До пред две години продаваше чорапи, сега се прави феномен!

Лулиќ за Рудигер: До пред две години продаваше чорапи, сега се прави феномен!

Фудбалерите на Лацио тешко го поднесоа поразот од Рома 0:2 во дербито „ Дела Капитале“, а особено поразот не можеше да го поднесе репрезентативецот на БиХ Сенад Лулиќ, кој поради изјавите се соочува со суспензија до италијанската Федерација.

Сенад Лулиќ, по реакцијата на медиумите за неговата расистичка изјава за дефанзивецот на Рома Антонио Ридигер, најверојатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„До пред две години во Штутгарт продаваше чорапи и ремени, а сега се однесува како да е феномен. Безобразен е“, рече Лулиќ по натпреварот.

На оваа изјава на репрезентативецот на Босна и Херцеговина веднаш реагираше капитенот на Рома, Даниеле Де Роси.

„Неговите зборови се грди и за нев нема оправдување. Сепак кога ќе загубите ваков меч се случува да кажете нешто за што подцна ќе се каете. Се надевам дека се ќе остане по страна“, изјави Де Роси.

Во „случајот Лулиќ“ сега на потег е Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …