Светската компанија за автомобили „Ауди“ секоја година на фудбалерите на Реал Мадрид им доделува по еден нов модел, но Кристиано Роналдо и Лука Модриќ на тренинзите доаѓаат со сопствени автомобили.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роналдо се истакнува, Португалецот вози бел Мерцедес AMG S65, додека Лука Модриќ на тренинзите доаѓа со Бентли вредно околу 170.000 фунти.
Резервниот голман Кико Касиљас не е љубител на Ауди, па се вози во Порше Карера GTS.
За разлика од нив, останатите фудбалери на „кралевите“ ги почитуваат клупските прописи и во склад со спонзорскиот договор ги возат моделите на „Ауди“. Најчесто се одлучуваат за Ауди RS5 или RS8.
Герет Бејл избра Ауди SQ7TDI, а Серхио Рамос RS6 Quattro. Секако секој од фудбалерите на славниот клуб во својата гаража има неколку скапоцени автомобили.
