Дома Трансфер зона Валенсија нема пари, Интер не го сака: Кондогбија се сели на „Енфилд“

Валенсија нема пари, Интер не го сака: Кондогбија се сели на „Енфилд“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп покажува сериозен интерес кон францускиот играч за врска Жефри Кондогбија, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кондогбија е во сопственост на Интер, но оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Валенсија и покажува одлични партии.

Шпанскиот клуб има опција во договорот да може да го откупи на крајот на сезоната за 25 милиони евра, но најверојатно нема да ја искористи таа опција поради недостаток на финансии.

Јасно е дека за Кондогбија нема повеќе место во Интер, па Клоп сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Енфилд“.

За „црвените“ нема да преставува проблем да ги платат бараните 25 милиони евра, а Клоп смета дека Французинот ќе биде идеална замена за Емре Чан, кој сигурно ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…