Фудбалерите на Манчестер Сити гостуваат вечерва кај екипата на Виган во осминафиналето во ФА Купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Менаџерот, Пеп Гвардиола одлучи на терен да постави измешан состав, за да ги одмори играчите за неделното финале со Арсенал во Лига Купот.
Како и досега, во дуелите од ФА и Лига Купот, на голот е Клаудио Браво, а тука е и Данило, Делф, додека стопери се Стоунс и Лапорт.
Тоа би можел да бисе одговорот на прашањето кој ќе биде првиот стоперски тандем, бидејќи во ЛШ играа Отаменди и Компани, но да го почекаме финалето в недела па ќе сумираме кој ќе биде првиот избор на Пеп.
Покрај Отаменди, заслужен одмор добија Вокер, Стерлинг и конечно Де Бруин.
Доколку Сити го мине Виган, во четвртфиналето ќе ја пречека екипата на Саутемптон.