Дома Фудбал Италија Јуве знае што е најдобро за Дибала – Мино Раиола!

Јуве знае што е најдобро за Дибала – Мино Раиола!

dybala

За Аргентинецот неколку клубови се спремни да платат вистинско богатство, но „бјанконерите“ имаат јасни планови.

Манчестер Сити се вклучи во трката за Паоло Дибала. Имено, Гвардиола сака да го купи Аргентинецот и спремен е да го понуди дури и Агуеро како дел од трансферот, но Јувентус не прифаќа. Според информациите „граѓаните“ го добиле истиот одговор како и Реал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не е на продажба, освен доколку тој самиот не сака да замине, тоа е политиката на клубот и нема да ја менуваме“, изјави Марота.

Иначе, Јувентус неодамна беше незадоволен од однесувањето на братот на Дибала кој без нивно знаење во тајност преговарал со Пари Сен Жермен. Поради тоа „старата дама“ сака Аргентинецот да го промени менаџерот.

Интересно е што Јуве верува дека за Дибала најдобро би било да ја прифати понудата од Мино Раиола да го застапува. Јасно е порди што, Јуве има одлични односи со контроверзниот менаџер и сметаат дека така би можеле полесно да го контролираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …