Дома Останати Кошарка Ова не би било кошарка, туку шоубизнис: Леброн Џејмс во Голден Стејт?!

Ова не би било кошарка, туку шоубизнис: Леброн Џејмс во Голден Стејт?!

Леброн Џејмс на лето би можел да започне преговори со Голден Стејт Вориорси, пренесува „ЕСПН“.

Новинарот Крис Хејнс во својот текст пишува дека Вориорсите доколку направат место во селери кеп би можеле да започнар преговори со еден од најдобрите кошаркари во историјата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Од овој агол тоа изгледа незамисливо, меѓутоа дешната ситуација во НБА не навикна и на невозможни ситуации.

Џејмс на лето скоро сигурно станува слободен играч и од поодаман се шпекулира каде би можел да заврши. Се споменуваа Хјустон, Клиперси, Лејкерси, Сан Антонио, а сега и Голден Стејт.

Веќе е познато дека Вориосите го создадоа еден од најсилните тимови со Кари, Томпсон, Дурант и Грин, па така навистина е невозможно да се замили и Џејмс во овој тим.

Како што пренесува „ЕСПН“ најреална опција во овој момент да дојде „sing and trade“ договор. Џејмс би потпишал договор со Кливленд, но веднаш би бил трејдуван за Клеј Томпсон и Андре Игудало.

НБА од поодамна не е она што беше, ривалитетот помеѓу играчите полека исчезнува, а трансферот на Леброн во Вориорсите би бил врв на шоубизнисот, а не на кошарката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ново шоу на Србинот: Јокиќ зборуваше кинески и го воодушеви светот (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се наоѓа во Кина каде што го промовира својот бренд на пати…