Агентот на дефанзивецот Милан Шкриниар откри дека Интер добил неверојатна понуда за неговиот клиент.
Шкриниар минатото лето пристигна на „Џуземе Меаца“ од Сампдорија и во првиот дел од сезоната се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент јавно потврди дека интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Баселона и двата клуба од Манчестер. Притоа, откри дека еден од овие клубови оваа зима понудил 65 милиони евра за неговиот клиент.
„Не сакам да откривам детали, но можам да потврдам дека еден клуб понуди 65 милиони евра за Шкриниар. Преговорите не продолжија бидејќи од Интер ми рекоа дека не сакаат да го продадат“, изјави агенот на дефанзивецот.
„Милан сигурно ќе остане во Интер оваа зима бидејќи Интер не може да си дозволи да го загуби Милан. Следното лето ќе видиме, тешко е да се каже со сигурност кога постои интерес од Барселона, Реал Мадрид и клубовите од Манчестер“, додаде Керол Ксонто.