Дома Топ вести Трансфери во живо: Закажани прегледите на Обамејанг, Марез сака во Сити, Челси го договори Жиру, Батшуаи доби зелено светло…

Трансфери во живо: Закажани прегледите на Обамејанг, Марез сака во Сити, Челси го договори Жиру, Батшуаи доби зелено светло…

Зимскиот преоден рок завршува утре, а нашата редакција е тука за секогаш правовремено да ве известува за сите трансфери и трансфер новости. Бидете со Спортски…

– За почеток ви ги претставуваме најдобрите 10 трансфери според алгоритмот на „Football Wishpers“ кои можат да се реализираат во текот на денот. (ОВДЕ)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


– Утрово се појавија вистинско изненадување. Како што дознава „Дејли Стар“, екипата на Челси е спремна да го понуди Давид Луиз во замена за Оливие Жиру. (ОВДЕ)

Никлас Бендтнер би можел да премине во редовите на Бордо (ОВДЕ)

– По вчерашната потврда за договорот помеѓу ПСЖ и Тотенхам, Лукас Моура утрово пристигнал во тренинг центарот на „петлите“, пренесува „Скај Спорт“.

– „Дејли Телеграф“ пишува дека Челси ќе одбие било каква понуда од Манчестер Сити за услугите на Еден Азар, па дури и ако таа изнесуваа 200 милиони фунти.

– Постигнат договор: Жерар Делофеу од Барселона до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Вотфорд.

– Евертон не го пушта Морган Шнајдерлин во Вест Хем, пренесува „Скај Спорт“

– По доведувањето на Делофеу, Вотфорд би можел да го напушти напаѓачо Стефано Окака за кого интерес покажа Фулам.

– Стоук се согласи да и плати на Галатасарај сума од 15 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, Баду Н’Диае

Емерик Лапорте пристигна на прегледи во Манчестер Сити

– Официјално: Мигел Лајун од Порто пристигна во Севиља на позајмица до крајот на сезоната

lajun

– Kaко што дознава Џанлука Ди Марцио, Пасторе е пред трансфер во Интер.

Mауро Икарди со својата фотографија на популарната социјална мрежа Инстаграм ги загрижи фановите на Интер. (ОВДЕ)

Пјер-Емерик Обамејанг отпатува во Лондон на финализација на трансферот во редовите на Арсенал. (ОВДЕ)

– Официјално: Муслиу е нов фудбалер на Шкендија. (ОВДЕ)

– Официјално: Емерик Лапорте е нов фудбалер на Манчестер Сити и во редовите на „граѓаните“ ќе го носи дресот со број 14

– Официјално: Делофеу потпиша договор со Вотфорд каде што ќе настапува како позајмен фудбалер.

– Како што пренесува „Франс Фудбал“, Манчестер Сити е спремен да понуди 68 милиони евра за услугите на Ријад Марез.

– Постигнат договор: Атлетик Билбао за сума од 32 милиони евра го доведе Иниго Мартинез кој со клубот од Баскија потпиша договор до 2023 во кој има и откупна клазула од 80 милиони евра.

– Лестер ескпресно ја одби понудата од Манчестер Сити за Ријад Марез и за својот фудбалер бара сума од 90 милиони фунти. (ОВДЕ)

– Јуто Нагатомо е пред заминвуање од редовите на Интер, негова наредната дестинација се очекува да биде тимот на Галатасарај. (ОВДЕ)

– Прегледите на Обамејанг во Арсенал се закажани за утре. (ОВДЕ)

– Арсенал и Челси се договорија. Оливие Жиру ќе го засили Челси за сума од 18 милиони фунти. (ОВДЕ)

Ријад Марез побарал од клубот да го пушти да премине во Манчестер Сити (ОВДЕ)

– Агентот на дефанзивецот на Интер, Шкриниар потврди дека клубот одбил понуда за услугите на неговиот клиент (ОВДЕ)

– Интер води преговори со Севиља за трансфер на Марсело Брозовиќ (ОВДЕ)

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мората се доближи до Платини, но Роналдо е уште далеку

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората со голoт против Хрватска во натпреварот од првото …