Дома Трансфер зона Агентот потврди: Интер одбил астрономска понуда за Шкриниар!

Агентот потврди: Интер одбил астрономска понуда за Шкриниар!

Агентот на дефанзивецот Милан Шкриниар откри дека Интер добил неверојатна понуда за неговиот клиент.

Шкриниар минатото лето пристигна на „Џуземе Меаца“ од Сампдорија и во првиот дел од сезоната се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот агент јавно потврди дека интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Баселона и двата клуба од Манчестер. Притоа, откри дека еден од овие клубови оваа зима понудил 65 милиони евра за неговиот клиент.

„Не сакам да откривам детали, но можам да потврдам дека еден клуб понуди 65 милиони евра за Шкриниар. Преговорите не продолжија бидејќи од Интер ми рекоа дека не сакаат да го продадат“, изјави агенот на дефанзивецот.

„Милан сигурно ќе остане во Интер оваа зима бидејќи Интер не може да си дозволи да го загуби Милан. Следното лето ќе видиме, тешко е да се каже со сигурност кога постои интерес од Барселона, Реал Мадрид и клубовите од Манчестер“, додаде Керол Ксонто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…