Дома Трансфер зона Јуто Нагатомо го напушта Интер, позната и следната дестинација

Јуто Нагатомо го напушта Интер, позната и следната дестинација

nagatomo

Фудбалерот со најдолг стаж на Жузепе Меаца ги пакува куферите…

Како шшто пренесуваат голем дел од медиумите на Апенините, Јапонецот, Јуто Нагатомо го напушта Интер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нагатамо наводно веќе е на пат за Инстанбул каде што најдоцна до вечер или утре би требало да ја заврши документацијата околу трансферот во редовите на Галатасарај.

Според информациите од Италија, Интер за шестмесечна позајмица ќе добие еден милиони евра, а на крајот на сезоната турскиот гигант ќе биде обврзан да го октупи Нагатомо за сума од осум милиони евра.

Со оглед на тоа каква улога имаше Нагатамо кај Лучијано Спалети ова е навистина добра работа за тимот од „Џузепе Меаца“.

Иначе, како што кажавме Нагатомо е фудбалерот со најдолг стаж во клубот, доколку не се сметаат Ранокија и Сантон кои имаа прекина и за скоро седум години во клубот одигра 210 натпревари, постигна 11 погодоци и запиша 18 асистенции. Во Интер пристигна од редовите на Чезена за сума од 6.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…