Дома Фудбал Знаете ли кога последен пат беше досуден пенал против Барселона во Ла Лига?

Знаете ли кога последен пат беше досуден пенал против Барселона во Ла Лига?

Податоците кои ги објави „Марка“ по вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Алваес одат во прилог на оние кои сметаат дека Барселона во Шпанија е фаворизирана од страна судиите.

Барселона во натпреварот против Алавес запиша победа од 2:1, а во финишот од натпреварот на гостинскиот тим не му беше досуден пенал откако Самуел Умтити играше со рака во својот шеснаесетник.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој натпревар беше причина за дополнителна анализа на реномираната „Марка“.

Имено, според овие информации против Барселона последен пат најстрога казна била досудена пред 74 натпревари, односно пред скоро две години. Во истиот временски интервал фудбалерите на Барселона добиле 32 удари од 11 метри.

Последниот пенал кој го беше досуден против Барселона датира од февруари 2016 година, кога Гуидети кој тогаш го носеше дресот на Селта погоди во натпреварот кој заврши 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…