Дома Фудбал Модриќ: Лудост е некој да се сомнева во Зидан!

Модриќ: Лудост е некој да се сомнева во Зидан!

Лука Модриќ застана во одбрана на својот тренер Зинедин Зидан откако „кралевите“ со 4:1 победија на гостувањето кај Валенсија.

Реал Мадрид така го надмина шокот после елиминацијата од Леганес во четвртфиналето од кралскиот Куп.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не можам да верувам дека постои сомнеж кон тренерот после се што направи. Тоа е лудост. Знаеме дека во фудбалот понекогаш работите одат добро, понекогаш лошо. Едноставно не можам да верувам во критиките кон тренерот. Нормално дека ние играчите го поддржуваме и дека сме со него“, изјави Модриќ.

Зидан од неговото доаѓање на клупата на „кралевите“ во јануари 2016 година освои осум трофеи, но оваа сезона многу рано отпадна од битката за титула во Примера.

Реал Мадрид моментално е на четвртото место и заостанува 16 бода за првопласираната Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве колку ќе заработува Модриќ во Милан

Бројот 14 кој остана слободен по заминувањето на Тиџјани Рејндерс во Манчестер Сити, а нек…