Македонскиот интернационалец Леонард Жута кој настапува во редовите на Ријека од Хрватска би можел да добие светски познат соиграч.
Како што пренесуваат Хрватските медиуми Ријека е на чекор од потпис со Валери Божинов кој има 31 година и во кариерата го носеше дресот на Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Парма, Спортинг, Верона, Виченца, Левски Софија, Партизан…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако на фудбалската јавноста и е познат долги години и многумина ќе помислат дека има повеќе години како што кажавме тој има 31.
Божинов дебитираше како тинејџер во тимот на Лече на само 19 години од каде што за 14 милиони евра премина во Парма. Четири години подоцна премина во Манчестер Сити за осум милиони евра…
За репрезентацијата на Бугарија одигра 43 натпревари и постигна седум погодоци, а последен пат за репрезентација настапи во 2015 година.