Фудбалерите на Севиља се првите полуфиналисти во Купот на Кралевите бидејќи вечерва славеа над Атлетико Мадрид по вторпат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Севиља на домашен терен славеше со 3:1, односно мина во полуфиналето со вкупни 5:2.
Веќе во 25. секунда, Мадриѓаните беа шокирани, откако домашните дојдоа до водство преку Ескудер
Атлетико мораше да оди на се или ништо, па веќе во 13. минута, Гамеиро му асистираше на Гризман за израмнување на 1:1, погодок кој дефинитивно е еден од најдобрите оваа сезона.
Банеге во 47. минута преку пенал и донесе ново водство на Севиља, додека пак, конечниот резултат го постави Сараби во 79. минута.