Македонската ракометна репрезентација денес замина за Вараждин каде ќе ги одигрува натпреварите во главната фаза во рамки на групата 2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Она што е интересно, е што во моментите кога нашите ракометари се подготвуваа да тргнат од Загреб кон Вараждин, во автобусот се најде и ново лице.
Имено, станува збор за голманот на Монпеље, Винсен Жерар кој го промашил автобусот, мислејќи дека влегува кај неговите соиграчи.
Сепак, кога го здогледал Раул Гонзалес се симна од автобусот, но тоа беше интересен и смешен момент за останатите колеги.
