Дома Трансфер зона Џеко на чекор од трансфер во англискиот гигант

Џеко на чекор од трансфер во англискиот гигант

Италијанските медуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека напаѓачот на Рома, Един Џеко во следните денови би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Челзи.

Веќе неколку недели италијанските медиуми тврдат дека Џеко се наоѓа на трасфер листа и дека може да го напушти „Олимпико“, но Босанецот претходно ја одби богатата понуда од Кина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Челзи е во потрага по напаѓач бидејќи Бачуаи сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ оваа зима. Англиските медиуми пишуваат дека „сините“ се заинтересирани за Енди Керол, но вистинската желба на Конте е токму Един Џеко.

Наводно лондонскиот клуб е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис, а доколку се реализира трансферот тоа за Џеко ќе биде враќање во Премиер лигата, каде со успех го носеше дресот на Манчестер Сити и освои шампионска титула со „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…