Дома Трансфер зона Еуфорија во Англија: Ветеранот Тим Кејхил веќе е во Лондон

Еуфорија во Англија: Ветеранот Тим Кејхил веќе е во Лондон

kejhil

Ветеранот кој има 38 години сака сериозна улога поради Мундијалот кој се игра наредното лето.

Легендарниот член на репрезентацијата на Австралија, Тим Кејхил е на чекор од враќање во англискиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваа бројни медиуми во Австралија Кејхил веќе ја напуштил својата земја и се наоѓа во Лондон каде што наскоро би требало да ги договори последните детали од договорот со Милвол.

Во медиумите се појави и изјава на извор близок на Кејхил.

„Точно е, оди во Милвол. Кејхил веќе е во Англија. Договорот се уште не е потпишан, но ќе биде наскоро. Само доколку пристигне некоја посериозна понуда работите би можеле да се искомплицираат. Знаеме дека со настапите во Чемпиошип може да стигне до место во репрезентацијата за Мундијалот во Русија“.

Кејхил од декември е слободен фудбалер откако го напушти тимот на Мелбурн Сити. Уште една потврда дека подготвува нешто е и неговата објава на неговиот Твитер профил во која напиша: „Сконцентриран сум на следното поглвје“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…