Дома Трансфер зона НИШТО ОД КЕЈН: Реал Мадрид ги сака овие два напаѓачи

НИШТО ОД КЕЈН: Реал Мадрид ги сака овие два напаѓачи

Реал Мадрид оваа сезона се мачи со напаѓачите, па управата на Реал на чело со Флорентино Перез е подготвена да донесе долгорочно решение за оваа позиција.

Според „Marca“ и „L`eqipe“, Флорентино Перез сака замена за Бензема, но тоа нема да биде Кејн, кој во последно време често се поврзуваше со Реал. Имено, како што сега стојат работите, Мауро Икарди е главната цел на Реал. Аргентинецот оваа година постигна 17 гола во 19 натпревари за Интер, што го прави еден од најбараните напаѓачи на Апенинскиот полуостров.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Втората цел е Тимо Вернер, кој се уште е опција за резерва доколку пропадне трансферот на Икарди. Конкретно, управата на Реал се занимава со проблеми со неговите уши, бидејќи познато е дека Вернер не може да трпи голема врева, поради кој мораше да го напушти теренот во Истанбул против Бешикташ.

Значи, за аргентинската и за германската ѕвезда, Реал исто така издвои околу 100 милиони евра, што е сличен однос колку што беа подготвени да платат и за Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…