Дома Трансфер зона Рома носи ГОЛЕМО засилување од Атлетико?

Рома носи ГОЛЕМО засилување од Атлетико?

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рома во јануарскиот трансфер период би можела да доведе засилување од Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На метата на Римјаните се наоѓа Хуанфран, искусниот 32-годишен десен бек кој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната. Бидејќи Хуанфран се уште не потпиша нов договор, а мали се шансите тоа да се случи, голема е веројатноста искусниот фудбалер уште во јануари да ја промени средината.

Хуанфран оваа сезона не игра толку важна улога како во претходните години, а до сега настапи на осум натпревари во Ла Лига и Лига на Шампиони. Но, едно време беше и повреден. Поранешниот шпански репрезентативец веќе седум години е во Атлетико, пристигна од Осасуна, а претходно беше член на Реал Мадрид и Еспањол.

Со оглед на бројните одиграни натпревари за Атлетико (307), Хуанфран може да стане и легенда на клубот со кого два пати играше во финалето на Лигата на Шампионите и освои една титула шампион на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…