Дома Фудбал Италија Екс тренер на Интер и Наполи ќе го наследни Михајловиќ

Екс тренер на Интер и Наполи ќе го наследни Михајловиќ

Италијанскиот стратег Валтер Мацари е фаворит број еден за наследник на Синиша Михајловиќ на клупата на Торино, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Михаловиќ денес и официјално доби отказ откако „биковите“ синоќа беа елиминирани од Купот после поразот од Јувентус, а во првенството се на 10-то место со 25 бода.

Валтер Мацари веќе добил понуда од Торино, па се очекува во текот на денот дали ќе прифати да седне на празното столче.

56-годишниот стратег има над 620 натпревари во професионалниот фудбал, а најголемиот успех го направи во Наполи каде што остана четири сезони, а потоа се пресели во Интер.

Минатата сезона Мацари го предводеше Ватфорд во Премиер лигата, а моментално е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гринвуд си ја спасува кариерата, го сака гигант од Италија!

Мејсон Гринвуд повторно стана сензација во европскиот фудбал, но не само поради неговата и…