Дома Трансфер зона Навивачите на Арсенал за брзо ќе го заборават Санчез, а на Венгер СЕ ќе му биде простено!

Навивачите на Арсенал за брзо ќе го заборават Санчез, а на Венгер СЕ ќе му биде простено!

sanh;ez

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез речиси сигурно ќе го напушти Арсенал во јануарскиот трансфер период, но Венгер е подготвен на тоа и има одлична замена.

Оваа информација ја пренесува познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марицио кој многу често греши, а тој вели дека Арсенал како замена за Алексис ќе го доведе Пјер-Емерик Обамејанг. Исто како и Санчез, така и Обамејанг со месеци се поврзуваат со заминување од својот клуб, но за сега Дортмунд успеа да го задржи, бидејќи не пристигна ниту една понуда која би ги задоволила како нивниот, така и вкусот на Габонецот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, јануарскиот трансфер период е вистинска прилика за Обамејанг да си замине од бродот кој тоне, а Арсенал би можела да биде вистинска опција. Од другата страна, Алексис кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Манчестер Сити. Доколку ова сценарио на крајот конечно се случи, изгледа дека навивачите на Арсенал нема да имаат никаква причина за тага, дури би можеле да бидат и повесели.

Обамејанг оваа сезона во Бундеслигата одигра 15 натпревари и постигна 13 гола со три асистенции, а вкупно во сите натпреварувања успеа да постигне 21 гол во привот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го најде наследникот на Салах

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, пренесуваа…