Пеп Гвардиола оваа сезона го води Сити до најдобрата форма во која оваа екипа некогаш играла.
Англиските медиуми денеска објавуваат дека Гвардиола сака да се засили со стоперот на Барселона. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, па тој трансфер би бил многу болен за Мурињо. Како што тврди „The Sun“, Пеп Гвардиола сака од Барселона да го купи Самуел Умтити и тоа за 50 милиони фунти.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Навивачите брзо почнаа да коментираат дека тој потег на Гвардиола би го „пецнал“ Мурињо, откако Португалецот на клупата на Манчестер Јунајтед се жалеше дека Сити може да купи кого сака, без контрола, без фер плеј, додека Јунајтед не доведува засилувања.
Доколку Гвардиола успее да го реализира овој трансфер, тоа би било многу болно како за Мурињо, така и за навивачите на „Црвените ѓаволи“.