Дома Фудбал Останато По Mундијалот, еден од најстарите ќе му каже збогум на дресот на „Црвените ѓаволи“

По Mундијалот, еден од најстарите ќе му каже збогум на дресот на „Црвените ѓаволи“

Белгискиот репрезентативец, Маруан Фелаини одлучи да му каже збогум на репрезентативниот фудбал по завршувањето на Мундијалот во Русија.

Мундијалот на истокот на Европа ќе биде последното големо натпреварување за играчот за врска на Манчестер Јунајтед кој во дресот на „Црвените ѓаволи“ на 80 настапи постигна 16 погодоци.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Дали следното СП во Русија е моето последно големо натпреварување во кариерата? Да“, истакна Фелаини во Божиќното интервју за еден белгиски медиум.

Потоа дополнитено ја појасни ситуацијата.

„Играм за репрезентацијата веќе полни 12 години и еден сум од најстарите таму. Ги имате Компани, Вермален и Муса Дембеле, потоа следувам јас. Ништо не морам никому да докаќувам, одамна покажав кој сум и што сум“, истакна Фелаини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трофејот на Африканскиот куп на нации под строга заштита во Сенегалска воена база

Селекторот на фудбалската репрезентација на Сенегал, Папе Тиау, ги презеде сите можни мерк…