Дома Фудбал Италија Дибала преседе цел меч на клупа, Алегри објасни: Еве зошто не влезе во игра!

Дибала преседе цел меч на клупа, Алегри објасни: Еве зошто не влезе во игра!

Рома и во осмото последователно гостување во Торино остана без победа, откако актуелниот шампион славеше со минимални 1:0.

Голот за победа го постигна Бенатиа, а Патрик Шик во последната минута промаши стопроцентна шанса за израмнување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Задоволен сум како одигравме поголем дел од натпреварот, штета што не бевме еднакво добри до самиот крај. Можевме да постигнеме уште голови, но секогаш е убаво кога победиш со 1:0“, изјави Алегри по мечот.

Главна тема денес во италијанските медуми е Пауло Дибала, кој целиот меч го преседи на клупата за резерви.

„Пауло не е никаков проблем за Јувентус. Проблем би бил ако го немаме. Во овој момент ситуацијата е таква што повеќе потребни ни се Матуиди и Пјаниќ“.

„Дибала пред неколку дена во Купот беше многу добар и постигна гол, а јас после натпреварот му кажав дека не го гледам во стартниот тим против Рома. Тој разбира за што станува збор и ја почитува мојата одлука“, објасни Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…