Србинот од Лацио се пофали на својот официјален Инстаграм профил.
Дека пред Сергеј Милинкови-Савиќ е блексава кариера потврдува и денешниот голем потпис со една од најголемите спортски компании.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сергеј Милинковиќ-Савиќ на својот Инстаграм профил потврди дека потпишал договор со компанијата „Најк“.
После овој потпис на Савиќ сите светски медиуми пренесуваат дека е само прашање на време кога Сергеј ќе се пресели во еден од најголемите клубови во светот. Прв во редот секако е ПСЖ за кој утрово се појави информација дека се спремни да понудат 170 милиони евра за ѕвездата на Лацио.
„Најк“ исто тка ги „облекува“ Барселона и Манчестер Сити клубови кои исто така покажаа интерес за овој фудбалер, но во овој момент не изгледаат толку сериозни во својата намера. Први мети на Барселона се Фелипе Кутињо и Антоан Гризман кои заедно вредат повеќе од 200 милиони евра, па јасно е дека Каталонците немаат пари и за трета „стока“.
Манчестер Сити има одличен среден ред, тука се Фернандињо, Давид Силва, Де Брујн и Гундоган, но не е тајна дека Пеп Гвардиола сака во својот тим да има различни профили на фудбалери.
Доколку го исклучиме влијанието на спонзорот тука и понатаму се Манчестер Јунајтед и Јувентус кои се спонзорирани од „Адидас“.
Останува да видиме дали овој договор со „Најк“ ќе биде пресуден за иднината на неговата кариера мега трансферот кој се очекува да се случи на лето.