ФФП спречува да бидат доведени некои големи имиња, но клубот мора да се засили. Две позиции се проблематични, Сабатини работи на решавање на проблемот. Ова би можел да биде исходот…
Интер е лидер во Серија А, одличните настапи во текот сезоната, но и ремито во Торино против Јувентус ги подигнаа апетите на навивачите.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Не играат во Европа, сега се верува дека „Скудетото“ е сосема реална опција, иако од клубот повторуваат дека приоритет е топ 4, односно враќање во Лигата на шампионите.
Но, навивачите очекуваат засилување, проблем останува ФФП, Интер не може да доведе некое големо име, но Спалети тоа и не го очекува, тој бара да се засили конкуренцијата.
Постои можност Жоао Марио кој е незадоволен да биде заменет за Пасторе или Микхтаријан, но тоа во овој момент е само во рамките на шпекулациите, Јунајтед не покажал интерес, додека ПСЖ ова би можел да го прифати, но дури на лето.
Рамиреш од Џангсу клуб кој има исти сопственици како и Интер ќе пристигне, но прашање е колку тој би значел на екипата. Прва мета за Спалети е централен дефанзивец, тој сака да доведе конкурент на Миранда, Скриниар и Ранокија.
Интер и понатаму е најблиску до Бастони од Аталната кој е нивни играч, но го оставија во Бергамо на позајмица од две се сезони. Сега се обидуваат да ја прекинат позамицата и така да ја засилат последната линија.
Засилување кое ќе придонесе за креација на нападите би можел да биде Делофеу. Овој фудбалер кој го носеше дресот на Милан би сакал повторно да настапува во Серија А, а „нероаѕурите“ би можеле да го доведат на позајмица со право на откуп.
Делофеу би бил алтернатива за Кандрева, но би можел да игра и како централен играч за врска.
Покрај него Интер покажал интерес за Чичрети од Беневенто, на кого договорот му истекува на лето.