Дома Топ вести Барселона спремна да го доведе вториот Србин во историјата, Валверде испратил и скаути!

Барселона спремна да го доведе вториот Србин во историјата, Валверде испратил и скаути!

Тимот на Барселона би можел во своите редови да доведе одлично засилување и тоа Србин.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја воодушеви фудбалската јавност и поради тоа е на мета на голем број европски гиганти, а сега помеѓу нив се појави и Барселона. Претходно со Савиќ најмногу се поврзуваа Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Скаути на Барселона го следеле вчерашниот натпревар на „Олимпико“ во кој Лацио загуби со 1:3 од Торино.

Човекот кој најмногу сака да го види Савиќ на „Ноу Камп“ наводно е Ернесто Валверде кој смета дека тој би бил многу поупотреблив од Фелипе Кутињо бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Сега, дали ова е само притисок на Ливерпул кој не се откажува од своите намери и бара 150 милиони во јуни останува да видиме, не е познато, но Савиќ сигурно ќе биде на „слатки маки“ во изборот на неговиот нареден клуб.

Иначе, доколку овој трансфер би се реализирал, Савиќ би бил вториот фудбалер после Драган Чуриќ кој би го облекол дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…