Многу поранешни фудбалери го нападнаа Масимилијано Алегри кога во натпреварот против Интер одлучи Паоло Дибала да го остави на клупата за резерви.
Алегри кои секогаш се држи до своите принципи, им одговори со зборовите дека не би зборувале така доколку имаат прилика да го гледаат Дибала на тренинзите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега италијанските медиуми пишуваат дека во текот на октомври, „Ла Хоја“ додал неколку килограми, па поради тоа ја изгубил екплозивноста, а поради тоа станал и многу по нервозен, па повеќе зборува на теренот.
Како што наведуваат медиумите, Дибала и наредниот викенд би можел да биде на клупата за резерви. Треба да се истакне и дека за две недели Јувентус го очекува натпреварот против Рома.