Дома Кошарка Грин без задршка: Не сум играчот од порано, подготвен сум и за клупа

Грин без задршка: Не сум играчот од порано, подготвен сум и за клупа

Грин без задршка: Не сум играчот од порано, подготвен сум и за клупа

Дрејмонд Грин не бега од промените што ги носат годините, ниту од можноста да го загуби местото во стартната петорка. Кошаркарот на Голден стејт во својот подкаст отворено зборуваше за сопствената форма и за проблемите на тимот по повредата на Стеф Кари.

За Грин приоритет остануваат победите, дури и ако патот до нив подразбира поинаква улога од онаа на која е навикнат.

„Отворен сум за секоја улога, отсекогаш сум бил таков. Сакам да победувам. Но, ако сакаш победи, не можеш да бараш сè да биде по твое. Многумина велат дека сакаат да победуваат, а очекуваат сè да се одвива според нивните желби. Потоа не победуваат, затоа што не се навистина подготвени да направат сè што е потребно“, порача Грин.

Тој призна дека повеќе не е на нивото од најдобрите денови, но не се согласува дека веќе нема што да понуди како стартер.

„Дефинитивно не сум играчот што бев порано. Не сум ни во најдобрите години од кариерата. Сепак, мислам дека и натаму сум многу корисен играч кој придонесува за победи во оваа лига и има квалитет за првата петорка“, истакна 35-годишниот кошаркар.

Колку тешко го доживува овој период покажува и разговорот со Стив Кер. По натпреварот со Далас, тренерот му испратил порака за да го праша како е, а Грин одговорил без разубавување:

„Ужасно. Кошарката е ужасна. Стареењето е ужасно. Сè е ужасно. Искрено, го губам разумот.“

Според Грин, Кер му посочил дека токму неговата улога најмногу се менува кога Кари не е на теренот. И покрај сегашните тешкотии, Грин смета дека нивната соработка и натаму е меѓу најдобрите тандемски игри во НБА.

Голден стејт по повредата на Кари го загуби ритамот и падна на биланс од девет победи и осум порази. Пред да се повреди, Кари бележеше просек од 27,8 поени, 3,7 скока и 3,9 асистенции.

Грин ја игра својата 15. сезона во НБА, а на досегашните 14 настапи има просек од 3,6 поени, 4,8 скока и 6,3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Атаман со прашање за НБА Европа: Од каде ќе дојдат тимовите и играчите?

Турскиот селектор се сомнева во роковите за новата лига и предупредува дека паралелното ши…