Дома Кошарка Везенков со чудесна тројка и 37 поени стигна до рекордот на Ларкин!

Везенков со чудесна тројка и 37 поени стигна до рекордот на Ларкин!

Везенков со чудесна тројка и 37 поени стигна до рекордот на Ларкин!

Саша Везенков сега го дели рекордот со Шејн Ларкин! Кошаркарот на Олимпијакос по 19-ти пат во кариерата е избран за МВП на колото во Евролигата, откако со блескава партија ја предводеше својата екипа до победа над Макаби Тел Авив со 97-95 по продолжение.

До големото славје немаше да дојде без неговиот потег во завршницата на регуларниот дел. Везенков погоди тројка од близина на средината на теренот за 82-82, изборувајќи дополнителни пет минути во кои Олимпијакос стигна до триумф.

Бугарскиот кошаркар за 39 минути на паркетот во Кипар собра 37 поени, девет скока, една асистенција и една украдена топка. Погоди шест од девет обиди за два поена, шест од десет за три и седум од осум слободни фрлања, завршувајќи го мечот со индекс на корисност 41.

Токму таа изведба му го донесе признанието со кое го достигна Ларкин. Сите 19 МВП-награди Везенков ги освои во дресот на Олимпијакос, додека Ларкин до своите стигна како играч на Анадолу Ефес, во периодот од март 2019 до април 2025 година.

За 31-годишниот Везенков ова беше и втор најдобар евролигашки настап според бројот на поени и според индексот на корисност. Неговиот највисок дострел останува натпреварот против Баерн Минхен на 10 јануари 2025 година: тогаш постигна 45 поени и индекс 50 во убедливата победа на Олимпијакос од 112-69.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лондон сака во Евролигата: Пријавата е поднесена, но недостига сопствена сала

Лондон лајонс цели кон влез во Евролигата во 2030 година. Претседателот Ленц Балан откри д…