Дома Кошарка Судија тргна кон Дончиќ, колегата го запре: Лука остана збунет

Судија тргна кон Дончиќ, колегата го запре: Лука остана збунет

Судија тргна кон Дончиќ, колегата го запре: Лука остана збунет

Лука Дончиќ остана збунет од потегот на еден од судиите на натпреварот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Јута. На полувремето, арбитарот тргна кон словенечкиот кошаркар, но негов колега го задржа и го спречи да стигне до него.

Токму оваа сцена привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде што почна да се споделува снимката од случувањето. Дончиќ ја следеше ситуацијата со видлива збунетост. Иако често влегува во расправии со судиите за нивните одлуки, овојпат во фокусот беше однесувањето на арбитарот.

За Лејкерс, необичниот момент не беше единствената непријатност на средбата. Јута победи со 109:97 и ја запре нивната низа од девет последователни победи.

Најзаслужен за изненадувањето беше Кејонте Џорџ, кој го предводеше победничкиот состав со 30 поени и 10 асистенции. Дончиќ, пак, го заврши натпреварот со 29 поени, пет скока и седум асистенции, но неговиот учинок не беше доволен за продолжување на победничката серија.

И покрај поразот, тимот од Лос Анџелес го задржа првото место во Западната конференција со биланс од 13 победи и три порази. За Јута ова беше дури трет триумф во сезоната, во која има и 13 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пал со индекс 41 го одбележа колото, дуелот во Штип даде четворица во елитата

Џокрол Пал е најкорисниот кошаркар во седмата суперлигашка рунда по настапот со 38 поени п…