Дома Топ вести Мурињо влегува во „војна“ со Конте: Му ја КРАДЕ најголемата трансфер желба

Мурињо влегува во „војна“ со Конте: Му ја КРАДЕ најголемата трансфер желба

Левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро е новата голема трансфер цел на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо пренесуваат англиските медиуми.

Португалецот во зимскиот преоден рок ќе има располагање 80 милиони фунти, и приоритет му е да донесе засилување на левата бековска позиција. До сега се тврдеше дека Мурињо ќе се обиде да го донесе Дени Роуз за кого Тотенхем бара околу 50 милиони фунти, но „Специјалниот“ сега се насочил кон Бразилецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алекс Сандро не е задоволен во Јувентус, па раководството на „старата дама“ е спремно да го продаде во зимскиот преоден рок. Бразилецот е една од најголемите трансфер цели на Антонио Конте, кој уште во летото се обиде да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Медиумите на Островит тврдат дека Јунајтед и Челзи ќе водат голема битка за неговиот потпис во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…