Дома Фудбал Интер сака да го задржи Турам, но со помала загарантирана плата

Интер сака да го задржи Турам, но со помала загарантирана плата

Интер сака да го задржи Турам, но со помала загарантирана плата

Маркус Турам му дава предност на останувањето во Интер, но не и на договор со пониска загарантирана заработка. Токму финансиската структура е првата пречка во разговорите за продолжување на соработката, пишува „Тутоспорт“.

Францускиот напаѓач има договор до 2028 година, а клубот сака да го обврзе на уште три сезони. Сепак, понудата што ја подготвуваат Бепе Марота и Дарио Бачин значително се разликува од неговите сегашни услови.

Турам добива 6,5 милиони евра по сезона, а со бонусите заработката може да се приближи до осум милиони. Со тоа е меѓу најплатените фудбалери во составот. Новиот предлог предвидува фиксни примања од 4,5 до пет милиони евра, додека преку бонуси и дополнителни поволности вкупниот пакет би достигнал 6,5 милиони.

Зад ваквиот пристап стои политиката на „Оуктри“ за намалување на платите на играчите во нивните триесетти години. Напаѓачот, кој 30 години ќе наполни во август, не е задоволен од предложениот модел и бара барем да ги зачува актуелните услови.

Развојот на преговорите го следат и клубови од странство со поглед кон следното лето. Засега, приоритет на Турам останува Интер.

Неговото значење за тимот на Кристијан Киву дополнително порасна по повредата на Лаутаро Мартинез. Во шест првенствени настапи забележа четири гола и две асистенции. Единствено во дербито немаше ниту гол ниту асистенција во таа серија, а токму тој натпревар е и единствениот досегашен пораз на Интер во Серија А.

Фото: Bryan Berlin / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Локомотив Софија го сака Хаџиевски на клупата по два лигашки пораза

Ѓоко Хаџиевски е прв кандидат да го преземе Локомотив Софија. Македонскиот тренер се очеку…