
Реал Мадрид упати извинување до кинескиот народ по реакциите што ги предизвикаа зборовите на Килијан Мбапе. Клубот застана зад јавното извинување на својот фудбалер и порача дека сака да ги зачува добрите односи со Кина и со тамошните навивачи.
Повод за полемиката било интервју во кое францускиот напаѓач споменал интернет-меме поврзано со него, во кое се појавувал и Мао Ѕедунг. Следувале бројни критики и осуди, а кинески спонзори ја откажале соработката со Мбапе.
Во клупското соопштение, мадридскиот состав изрази жалење за непријатностите што неодамнешните изјави на фудбалерот можеле да им ги предизвикаат на Кинезите. Реал притоа нагласи дека има голема почит кон кинеската историја, култура и граѓани.
Посебна порака беше испратена и до милионите навивачи на Реал во Кина. Клубот ја истакна нивната приврзаност и ја нагласи желбата врските со нив да продолжат да се зацврстуваат.
Мбапе веќе јавно се извинил за кажаното, изразувајќи жалење и почит кон кинескиот народ. Реал со својата реакција го поддржа тоа извинување, а воедно ја повтори определбата за меѓусебно почитување, соживот и разбирање меѓу различните култури.
Фото: Zoser / Wikimedia Commons, CC BY 4.0