Дома Фудбал Флик потврди: Рафиња останува во Барселона – „Тој е најдобриот капитен што можете да го имате“

Флик потврди: Рафиња останува во Барселона – „Тој е најдобриот капитен што можете да го имате“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека клубот постигнал договор со Рафиња за продолжување на соработката.

Германскиот стратег не го криеше задоволството поради новиот договор на бразилскиот фудбалер, истакнувајќи дека тоа е одлука која клубот морал да ја донесе.

„Да! Среќен сум поради продолжувањето на договорот на Рафиња. Тоа е најдобрата одлука што клубот можеше да ја донесе“, изјави Флик.

Тој посебно ја истакна лидерската улога на Бразилецот во тимот и неговото значење за соблекувалната.

„Тој е најдобриот капитен што можете да го имате“, порача Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Роналдо го затвори репрезентативното поглавје

По 234 настапи и 146 гола, Кристијано Роналдо се повлекува од Португалија. Одлуката следув…