Дома Фудбал Еуфорија во Рим: Рома има „четири од четири“ и 12-1, Гасперини создаде „чудовиште“

Еуфорија во Рим: Рома има „четири од четири“ и 12-1, Гасперини создаде „чудовиште“

Рома не се откажува: по четири кола – четири победи за екипата на Џан Пјеро Гасперини. Ако утрото се познава по денот, оваа сезона може да донесе многу радости за навивачите на римскиот клуб бидејќи сè што се случува на почетокот на сезоната навестува такво сценарио за Римјаните.

Последната победа во серијата пристигна во Торино (2:0) за потврда на првото место на табелата во Серија А, рамо до рамо со шампионот Интер

И токму „нероазурите“ ќе бидат следниот противник на Рома, веќе за четири дена… 

Што се однесува до Интер, минатогодишниот пораз од нив беше моментот од кој се роди вистинската Рома. Сега ќе имаме можност да се соочиме со најсилниот тим и да видиме колку сме напредувале“, со нетрпение очекува Гасперини дуелот со Интер.

Погледот на табелата го топли срцето на секој навивач на Рома: 4/4 победи и гол-разлика 12:1. Изгледа дека Гасперини беше сè што им беше потребно на Рома сите овие години. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суспендирани се судиите од ВАР собата на дербито помеѓу Јунајтед и Сити

VAR судиите од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (0:1) се суспендирани порад…