
МАНЧЕСТЕР Сити во недела во четвртото коло на Премиер Лигата ја оствари победата против локалниот ривал Јунајтед на Олд Трафорд. Гостите триумфираа со 1:0 благодарение на голот на Ерлинг Халанд, а овие три бода се особено значајни затоа што Сити го одигра натпреварот со играч помалку цели 70 минути.
Голот предизвика контроверзи откако првично беше поништен поради офсајд, за потоа да биде потврден по интервенцијата на ВАР собата. По подоцнежните анализи од страна на англиската судиска организација Про Реф, тој беше опишан како нерегуларен. Сепак, овој гол му овозможи на Сити трите бода и ја продолжи нивната совршена серија на почетокот од сезоната.
Иако овој гол беше единствениот на натпреварот и победнички, за некои тоа не беше доволно. Тоа го покажува сторито на Халанд на Снапчет, каде што објави „критика“ од еден навивач и својот одговор. „Не е убаво да постигнеш само еден гол“, напиша навивачот. „Дали до ова требаше мојот живот да се сведе“, прокоментира Халанд.
