
Ренато Санчез може наскоро да стане ново засилување за Хетафе и за првпат во својата кариера да игра во шпанската Ла Лига.
Како што пренесуваат шпанските и француските медиуми, преговорите помеѓу Хетафе и португалскиот везист се во напредна фаза, а двете страни сакаат што побрзо да постигнат конечно договор.
Санчез во моментот е слободен играч откако ја прекина соработката со Париз Сен-Жермен, па би пристигнал во Мадрид без отштета.
Некогаш еден од најголемите таленти на европскиот фудбал сега бара нова можност за оживување на својата кариера по неколку турбулентни сезони исполнети со позајмици и бројни повреди.
Последната сезона ја мина во дресот на Панаинаикос, каде забележа 24 настапи и покажа дека уште може да игра на високо ниво кога го заобиколуваат проблемите со повредите.