
Најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски денеска официјално го прими бронзениот медал од Медитеранските игри во Таранто, откако вчера беше поразен во полуфиналето.
Рустемовски во Таранто пристигна со највисоки амбиции и желба да се искачи на врвот, но овојпат мораше да се задоволи со бронзено одличје. Сепак, за македонскиот боксер нема многу време за жалење, бидејќи веќе го насочува вниманието кон следните предизвици, меѓу кои се и Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Очекувањата дефинитивно беа злато, меѓутоа мораме да се задоволиме со бронза и одиме понатаму. Следните предизвици се две европски првенства, првото е сениоорското во септември и следното до 23 години во ноември. Олимписките игри во Лос Анџелес секако се главна цел и се надевам ќе се видиме таму. Премногу сум благодарен на големата поддршка и одиме по злато во Лос Анџелес“.