Дома Фудбал Останато Македонија поднесе жалба за поразот на Рустемовски!

Македонија поднесе жалба за поразот на Рустемовски!

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против шпанскиот претставник, Марин Хернандез, но македонската делегација во Таранто ќе испрати жалба до светската боксерска федерација.

Во нашата делегација се незадоволни поради арбитражата на судиите во борбата и сметаат дека оценките кои во сите три рунди беа на страната на Хернандез не се реални.

Дали ќе има отворање на дисциплинска постапка и евентуална промена на одлуката треба да се знае до крајот на денот.

Рустемовски ќе потсетиме и со поразот има обезбеден бронзен медал, меѓутоа во случај на промена би добил прилика да се бори за златото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бронза за Ален Рустемовски во Таранто!

Македонскиот боскер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето откако денеска заг…