Дома Фудбал Нема шега: Челси го обезбеди својот најдобар стрелец до 2032!

Нема шега: Челси го обезбеди својот најдобар стрелец до 2032!

Фудбалерот на Челси, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со овој клуб до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, пренесоа денес британските медиуми.

Бразилскиот 24-годишен напаѓач дојде на Стемфорд Бриџ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти и дополнителни пет милиони во бонуси. Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот трае до 2033 година, но договорот беше до 2032 со опција за продолжување за уште една година, пренесе Би-Би-Си (BBC).

Челси обично вклучува клупски опции кога во официјалните соопштенија го наведува траењето на договорот на играчot.

Затоа, кога новиот договор на Педро ќе биде потврден, најверојатно ќе биде објавено дека тој е под договор до 2034 година, иако самиот договор трае до 2032 година, со дополнителна опција за продолжување на уште две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кертис Џонс потпиша со Интер

Италијанскиот шампион Интер го потврди трансферот на играчот од средниот ред Кертис Џонс о…