
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, барем така тврди Ентони Ирвин.
Познатиот инсајдер при едно гостување изнесе следнава тврдња.
– Ништо не обесхрабрува суперѕвезда како ова. Работеше толку многу за да дојде на ова ниво, а бидејќи сопственикот на франшизата коме му е многу важен парите како Стан Кренкеу, би го советувал полека да размислува за разделба од Нагетс. Мислам дека доаѓа време кога тие ќе гледаат кон реконструкција, што е можност Јокиќ да си замине – алудира Ирвин на трејдот на Пејтон Вотсон во Кливленд, а на некој начин Нагетс го „продадоа“ или издадоа Јокиќ со овој гест.
Лука Дончиќ би можел на картата на пријателство да одигра клучен потег.
– Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ, кој е многу близок пријател на Никола. Исто така, можноста за нивното заедничко пик-н-рол би била навистина уникатна. Обоите можеби гледаат кон 2028 година, кога би можеле да донесат серија одлуки кои би довеле до тоа да играат заедно.