Дома Фудбал Член на шампионската генерација се уништува од алкохол и спие на клупи

Член на шампионската генерација се уништува од алкохол и спие на клупи

Тој беше дел од шампионската генерација на Наполи, ја делеше соблекувалната со легендарниот Диего Марадона и живееше живот за кој многу луѓе можеа само да сонуваат. Денес, неговата приказна е сосема различна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот фудбалер на Наполи, Пиетро Пузоне, повторно минува низ исклучително тежок период. Некогашен шампион на Италија и близок пријател на легендарниот Диего Марадона, денови лежееше на клупа во Ачера, во многу лоша здравствена состојба, откако се врати на проблемите со алкохол.

Пузоне имаше длабоки рани на нозете и рацете, а неговата состојба беше толку сериозна што граѓаните решија да ги алармираат надлежните служби.

Еколошкиот активист Алесандро Канавачиоло започна апел на социјалните мрежи, кој многу бргу се прошири.

По интервенцијата на градоначалникот Д’Еррико, социјалните работници и брзата помош, Пузоне беше пренесен во клиниката Вила деи Фиори, каде беше хоспитализиран и каде ќе биде подложен на потребните прегледи и третман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити веќе преговара за потенцијалниот заменик на Савињо

Манчестер Сити работи на трансферот на крилото на Палмеирас Алан Елиас. Според Дејвид Орнс…