
Должината на казната и суспензијата што му се заканува на Кирјос поради позитивен тест на кокаин зависи од тоа дали може да докаже дека дрогата ја консумирал надвор од натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Финалистот на Вимблдон од 2022 година беше позитивен на бензоилекгонин, метаболит на кокаин, на јуниорскиот турнир на трева во Мајорка, и моментално е подложен на задолжителна привремена суспензија.
Теоретски можноста за забрана може да трае и до четири години, но би можела да биде намалена на најмногу три месеци доколку Австралијанецот успее да ги увери истражителите дека дрогата ја консумирал во период кога не бил на натпревар. Се смета дека играчот е „на натпревар“ од денот кога започнуваат ждрепките на кои учествува, па сè до моментот кога го напушта турнирот по својот последен меч, објави BBC.
Пред сезоната на трева, поранешниот 13. тенисер во светот не настапуваше од Австралија опен во јануари, поради што поминал многу малку време на теренот во последниот период. Се смета дека бил на турнир во Штутгарт помеѓу 8 и 12 јуни, а после тоа и во Мајорка од 21 до 22 јуни. Баш на 22 јуни, кога излезе од турнирот во првото коло, Kyrgios дал примерок кој подоцна се покажал позитивен на бензоилекгонин.
Ако 31-годишникот успее да ја убеди Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) дека дрогата ја користел пред да влезе во натпреварувачкиот режим, нема да има потреба од формирање независна комисија.
Тоа би го забрзало целиот процес значајно, а ако Кирјос подоцна прифати да влезе во програма за лекување, може да заврши забраната за само еден месец. Неговата привремена суспензија започна на 4 август, што значи дека може да се врати на теренот веќе на 4 септември.